Јунајтед и Сити се разминаа во четвртфиналето на ФА купот, Граѓаните на мегдан со Барнли на Чурлинов

Манчестерските ривали Јунајтед и Сити се избегнаа при ждрепката за четвртфиналето во англискиот ФА куп и со тоа се поголеми шансите овие ривали да играат меѓу себе во големото финале на „Вембли“.

Сити за противник на 18 или 19 март на свој терен ќе го има второлигашот Барнли на Дарко Чурлинов, а тренер на Барнли е Винсан Компани, некогашен капитен на Граѓаните. Црвените ѓаволи дома ќе имаат пресметка со Фулам.

Добра шанса да игра полуфинале има Брајтон, кој ќе го пречека клубот од четвртата дивизија, Гримзби таун, кој приреди сензација елиминирајќи го Саутхемптон.

Последниот пар е Шефилд јунајтед – Блекбурн, дуел на две екипи од Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести