Јунајтед на чекор од ново големо засилување и тоа од Серија А

Манчестер јунајтед се наоѓа пред реализација на трансферот на играчот на Фиорентина, Софијан Амрабат, објави Раи Спорт.

Според италијанската телевизија, Јунајтед ги договорил личните услови со мароканскиот репрезентативец, нудејќи му двојно поголема плата од таа што ја има во Фиорентина.

Манчестер уште во зимскиот преоден рок се обиде да го ангажира Амрабат, но тогаш Фиорентина ги одби понудите.

Овој пат, се очекува работата да биде завршена и тоа во следните денови, бидејќи Фиорентина нема многу голем маневарски простор, договорот на Амрабат истекува идното лето.

- Оглас -

Најнови вести