Јунајтед со пресврт го доби дербито против Сити, гостите збунети како немаше офсајд при првиот гол на домаќините (Видео)

Манчестер јунајтед со 2:1 го победи градскиот ривал Сити за голема радост на црвениот дел од трибините на „Олд Трафорд“. За Црвените ѓаволи ова е деветта победа по ред во сите натпреварувања, а тимот на тренерот Тен Хаг сега стигна до 38 бодови, еден помалку од Сити кој е втор на табелата.

Првото полувреме беше досадно без мнгоу возбудувања, но во вторите 45 минути беше драматично. Сити прв даде гол и тоа преку Џек Грилиш во 60 минута.

Клучниот момент на мечот се случи во 78 минута кога Манчестер јунајтед израмни на 1:1. По едно додавање кон Маркус Рашфорд, напаѓачот на домаќините беше во офсајд, но тој застана пред топката непосредно пред него да ја шутне Бруно Фернандеш кој даде гол за израмнување. Играчите на Сити се бунеа затоа што сметаа дека требало да има офсајд иако Рашфорд воопшто не играше со топката. Судиите се консултираа и покажаа на центар, односно дека тоа е гол за 1:1.

Само четири минути по ова израмнување, Јунајтед даде и втор погодок. Овојпат рашфорд не беше во офсајд, можеше слободно да игра со топката и го матираше Едерсон за 2:1, што се покажа и како конечен резултат на крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести