Јунајтед во Перт пречекан со огномети, Рашфорд и Гарнер спречија срам (Видео)

Манчестер јунајтед со 2-0 го совлада Перт глори во пријателски меч одигран пред 50.000 гледачи во западна Австралија. Според прикажаното на теренот, се виде дека фудбалерите не се во форма, сезоната на Перт почнува дури во октомври, а им заврши пред два и пол месеци, па и тие не беа подготвени, иако издржаа 0-0 по 45 минути игра.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, на полувремето ги извади сите 11 стартери, но не затоа што одиграа 0-0, туку затоа што така беше договорено. Вторите 11 во кои беше и Пол Погба, дадоа два гола. Маркус  Рашфорд во 60-та и Џејмс Гарнер во 85-та минута, две минути откако влезе на терен. Во игра не влезе само Давид де Геа.

Погледнете во каква атмосфера беа пречекани гостите од Англија, како да станува збор за отворање на Олимписки игри:

https://twitter.com/i/status/1150001278392684546

- Оглас -

Најнови вести