Јунајтед во војна со „седмата сила“: Четири медиуми добија забрана за присуство на прес-конференцијата на Тен Хаг

Раководството на Манчестер јунајтед донесе неочекувана одлука да им забрани на четири британски медиуми да присуствуваат на прес-конференцијата на нивниот тренер, Ерик тен Хаг. Според нив, дел од британските медиуми ги критикувале Црвените ѓаволи без да побараат нивно мислење или да им дадат можност да ги демантираат информациите. Забрана за присуство добија „Скај спортс“, „Манчестер ивнинг њуз“, „Мирор“ и ЕСПН.

„Презедовме мерки против неколку новински куќи. Не затоа што објавуваат приказни што не ни се допаѓаат, туку затоа што тоа го прават без претходно да нè контактираат и на тој начин да ни дадат шанса да ги коментираме, да ги оспориме или да ги контекстуализираме нивните вести. Веруваме дека вака ги браниме важните принципи и дека тоа ќе доведе до ресетирање на начинот на којшто работиме заедно“, се вели во клупското соопштение на Манчестер јунајтед.

Во последниот период сè погласни се шпекулациите за проблемите во соблекувалната на Црвените ѓаволи и тврдењата дека тренерот Ерик тен Хаг ја изгубил контролата над екипата.

- Оглас -

Најнови вести