32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Јуниорите до 17 години поразени од Полска

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години загуби на стартот од квалификациите за Европско првенство. Нашите надежи беа поразени од Полска со 2:3.

Избраниците на селекторот Горан Станковски добро го отоврија мечот и поведоа со голот на Ѓоргоски во 19 минута, но потоа како да застанаа. До крајот на првото полувреме Полска успеа да израмни на 1:1, а потоа во вториот дел противниците дадоа уште два гола за водство од 3:1.

Пред самиот финиш, во 87-мата минута, Македонија даде и втор гол преку Саитоски, но тоа беше недоволно да се спасат нашите надежи од пораз.

- Оглас -

Најнови вести