Јута не губи дома, но за Нетс токму тоа е мотив

Јута џез – Бруклин нетс (кошарка, НБА, 03.00 часот)

Јута по десет меча има седум победи, а уште не знае за пораз во Солт Лејк сити. Затоа гостите од њујоршкиот кварт Бруклин се силно мотивирани да бидат првите кои ги совладале Џезерите на нивен терен. Џез дома ги победи Нетс во последните три меча, а од 2007 година наваму, победите на Бруклин на гости кај Јута биле само ако примале помалку од 100 поени. Јута сезонава речиси редовно постигнува троцифрен број поени и затоа даваме предност за домашните.

Предлог тип: 1-1 (1.75)

 

Феникс санс – Лос Анџелес лејкерс (кошарка, НБА, 03.00 часот)

Лејкерс загуби на претходниот меч и нема да сака да направи црна мини-серија од два порази по ред. Но, Феникс игра добро, исто така има четири победи на последните пет меча. И традицијата на меѓусебните дуели, и резултатите од оваа сезона, особено на Санс, најавуваат ефикасен меч, но Феникс од оваа сезона е поразличен од минатото, игра подобро. Лејкерс ќе има проблем да го запре Девин Букер, а ако успее, победата на гости е извесна.

Предлог тип: >216.50 (1.75)

 

Чикаго булс – Њујорк никс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Ова се два популарни клуба кои сезонава се при дното на источната табела. Никс има 2-8, а Булс само една победа повеќе. Чикаго од декември 2017 нема чиста победа против Њујорк и сега има шанса да го разбие малерот. На овој непредвидлив меч не би требало да има премногу поени, веруваме дека барем едните нема да ја надминат границата од 101 поен.

Предлог тип: Т1/Т2 <101.50 (1.77)

 

Анахајм дакс – Детроит ред вингс (хокеј, НХЛ, 04.00 часот)

Анахајм е фаворит, но резултатите од последните денови не го покажуваат тоа. Патките имаат три порази по ред, додека Црвените крилја имаат две победи по ред. Детроит уште е последен на Западот и ова е шанса за Анахајм да го прекине постот. Дакс на сите ноемвриски мечеви на свој терен даде по два гола, а Детроит не победил на гости уште од 11 октомври. Ќе има борба, прогнозираме нерешен резултат по првата третина.

Предлог тип: Х пол. (2.60)

 

Сан Хозе шаркс – Едмонтон оилерс (хокеј, НХЛ-лига, 04.30 часот)

За Ајкулите ова е шести меч по ред на домашен терен, имаат низа од три победи едноподруго и секако ќе бидат закана за опасниот Едмонтон, кој можеби е фаворит на хартија според табелата и има две победи по ред. Но, Едмонтон има психолошки проблем кога се среќава со Сан Хозе. Тимот од Калифорнија има четири победи по ред против канадскиот Едмонтон, а на последните четири пресметки кога Сан Хозе беше домаќин, секогаш паѓаа барем 7 гола.

Предлог тип: > 5.50 (1.75)

- Оглас -

Најнови вести