Јуве многу лесно ја одби вртоглавата понуда за Кјеза

Федерико Кјеза е еден од најзаслужните што Италија ја освои титулата на Европското првенство, а неговите настапи му обезбедија место во дрим-тимот кој УЕФА денес го објави.

Поради тоа, Кјеза стана трансфер-цел на германскиот првак Баерн Минхен, но понудата беше експресно одбиена од Јувентус. Баварците беа решени да издвојат 80 милиони евра за крилото на Бјанконерите, но добија негативен одговор од Торино и се повлекоа.

Инаку, Кјеза минатата сезона играше како позајмен од Фиорентина, за што Јувентус плати 10 милиони евра, а таков ќе биде случајот и во сезоната 2021/22. Старата дама и ова лето ќе исплати уште 10 милиони евра, па наредната година во овој период ќе ги искешира предвидените 40 милиони евра за талентираниот офанзивец на Виолетовите.

- Оглас -

Најнови вести