Јуве не делува за тим кој сака да ја одбрани титулата: Избегнат пораз кај Сасуоло (видео)

Јувентус може да биде задоволен со бодот кој го освои на гостувањето кај Сасуоло со конечните 3-3. Бјанконерите капитулираа во второто полувреме и мораа да се спасуваат од пораз, иако само по 12 минути во првиот дел водеа со 2-0.

Данило и Игуаин ја најавија голеадата по асистенциите на Пјаниќ, додека домаќините одговорија преку Ѓуричиќ во 29-тата минута и ги оживеаја надежите во мечот.

Сасуоло тргна офанзивно во вторите 45 минути, па заслужено израмни со помош на Берарди. Ексиграчот на Јуве постигна фантастичен гол од слободен удар во 51-вата минута, а веќе во следниот напад избраниците на Де Ѕерби го свртеа резултатот откако Капуто погоди за 3-2.

По десетина минути игра, Алекс Сандро се погрижи да се избегне евентуален петти пораз на Јувентус во Калчото и ги постави конечните 3-3, а домаќините до крајот не искористија неколку шанси за да направат сензација.

На останатите средби, Рома со 2-1 ја надигра Верона, Фиорентина беше убедлива со 3-1 на гостувањето кај Лече, додека Удинезе и Лацио ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести