Јуве од соништата – како би изгледал тимот со Гвардиола на клупата?

Шпекулацијата дека Хосеп Гвардиола може да биде тренер на Јувентус во следната сезона ја распали имагинацијата кај англиските и шпанските новинари, кои веќе составија и тим како би изгледале првите 11 на Старата дама која би била „тим од соништата“. Овој тим кој беше составен, веројатно е изводлив само на некоја компјутерска игра.

Гвардиола како тренер во Јуве би имал задача да му донесе европска титула на италијанскиот гигант. Неговиот трансфер во Старата дама, како и оној на белгискиот десен бек Томас Муние не изгледаат толку нереално и тие можеби ќе завршат во Јуве. Но, дури и најголемите оптимисти не веруваат дека може да се остварат и наредните најави.

Десно крило би бил Лионел Меси, кој можеби ќе си замине од Барселона и Јуве му е една од опциите. Би било интересно да се види како би играле Меси и Роналдо во ист тим. Како лево крило се најавува Лерој Сане. Германецот е член на Манчестер сити и тука е врската со Гвардиола, но за него Сити бара многу пари и фаворит за негово купување е Баерн, а не Јуве. Во таа замислена формација со четворица офанзивци, што е тешко замисливо за италијански тим, има место и за Пауло Дибала.

Значи, Јуве од соништата би изгледал вака: Шчнесни, Муние, Бонучи, Де Лихт, Алекс Сандро, Пјаниќ, Бентанкур, Сане, Дибала, Меси, Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести