Јуве потврди дека и Квадрадо е позитивен на Ковид-19, следуваат нови тестирања

Јувентус потврди дека покрај Алекс Сандро кој од вчера е во самоизолација, позитивен на коронавирус е и Хуан Квадрадо, па и Колумбиецот нема да може да игра на утрешното дерби против Милан. После ова, во Јуве ќе има дополнителни тестирања, и тоа му создава проблеми на тренерот Андреа Пирло, кој не може да крои тактика, бидејќи не знае кој ќе може да игра.

 

Од Јуве објавија дека Квадрадо не чувствува никакви симптоми и дека веднаш заминал во самоизолација.

Пирло на денешната прес-конференција посветена на мечот со Милан, најави дека од клубот чекаат резултати и стравуваат дека Алекс Сандро кој играше вчера против Удинезе, нема да биде единствен позитивен, што се покажа како точно и стравувањата биле оправдани. Без Квадрадо во составот, утре на „Сан Сиро“ веројатно стартен десен бек ќе биде Данило.

- Оглас -

Најнови вести