Јуве повторно ќе пазари во Мадрид, тргнува по Еден Азар

Откако се согласи да го продаде Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, Јувентус собра пари за ангажирање на квалитетно засилување во нападот, и веќе се шпекулира со неколку имиња. Старата дама е во офанзива да купи квалитетна замена за својот прв стрелец, а еден од играчите на кого му фрлиле око е Еден Азар од Реал Мадрид.

Белгиското крило беше стартер во Реал на двата меча од првенството, но местото му е загрозено од одличната форма на младиот Винисиус. Уште кога ќе се официјализира најавениот трансфер на Килијан Мбапе, на Азар клупата за резерви не му бега. Сепак, Кралскиот клуб нема лесно да се откаже од Азар кој скапо го плати, и преговорите се Азар да замине како позајмен. Ако си оди Азар, во Реал се ослободува дресот со бројот 7, и тоа може да биде бројката која ќе ја има Мбапе на грбот.

Освен за Азар, Јувентус е заинтересиран и за Мауро Икарди, Моизе Кен, Лука Јовиќ и Пјер Емерик Обамејанг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести