Јуве претрпе најтежок европски пораз во последните 63 години, а Алегри вели најважно е што одат понатаму

Поразот од Челзи од 0-4 е најубедлив пораз во европските купови за Јувентус во последните 63 години, но тренерот Масимилијано Алегри не е премногу разочаран.

„Требаше како во Торино да играме добро во одбрана 90 минути, а овојпат ние игравме само 45 и потоа се предадовме. Разочарани сме што примивме четири гола, но ја остваривме главната цел, се пласиравме во осминафиналето. Ги знаеме нашите силни и слаби страни. Тоа што го победивме Лацио не значи дека сме најдобар тим на светот, имаме свои лимити. Не им се лутам на момците, но во второто полувреме требаше да играме подобро“, изјави Алегри.

- Оглас -

Најнови вести