Јуве се откажа од Погба, затоа што сака да купи играч на Реал

Шпанецот Иско би можел да го облече црно-белиот дрес на Јувентус во претстојната сезона, а преговорите со него се причина зошто италијанскиот првак реши да се откаже од намерата да го купи Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Иско не е меѓу омилените играчи на Зинедин Зидан во Реал Мадрид, и клубот ако добие добра понуда, сигурно би го продал.

Јуве веќе ангажираше двајца фудбалери кои играат во средниот ред, тоа се Арон Рамзи и Адриен Рабио, но сега се зборува и за можно доведување на Иско за кого Реал Мадрид бара 80 милиони евра, сума која „старата дама“ не е подготвена да ја плати. Ако Реал ја спушти цената, Иско ќе замине со клубот кој има амбиција да стане европски првак.

- Оглас -

Најнови вести