СТАРТНИ СОСТАВИ: Старата дама ќе ја нападне шпанската подморница со Влаховиќ и Мората (Фото)

Јувентус има предност да игра на домашен терен во реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Вилјареал и според стартниот состав, Старата дама нема намера да калкулира, иако има поволен резултат 1:1 од првиот меч.

Макс Алегри одлучи да ја нападне шпанската подморница со Душан Влаховиќ и Алваро Мората вечерва од 21 часот во Торино.

Кај Вилјареал стартер е стрелецот Парехо, па и тој и Влаховиќ, кој го постигна голот на Јувентус, на првиот меч ќе се обидат повторно да бидат прецизни.

Лил и Челзи ќе играат во исто време, од 21 часот, а европскиот првак од Лондон има предност од 2:0 по првиот меч.

Кај Хаверц и Кристијан Пулишиќ, кои беа стрелци на првиот меч, се во стартниот состав.

Потсетување дека од овој циклус во ЛШ не важи правилото за повеќе постигнати голови на гости.

 

- Оглас -

Најнови вести