Јувентус донесе напаѓач кој минатата сезона не даде ниту еден гол

Италијанскиот гигант Јувентус го комплетира трансферот на репрезентативецот на САД, Тимоти Веа, објави новинарот Фабрицио Романо.

Јувентус се согласил да му плати 12 милиони евра отштета на Лил за Веа.

Интересно е што Веа минатата сезона одигра 17 натпревари за Лил во Лига 1, но не постигна ниту еден гол иако игра како напаѓач. Тимоти Веа е син на легендарниот либериски напаѓач Жорж Веа, кој сега е претседател на својата земја.

- Оглас -

Најнови вести