Јувентус досега не го доживеал ова во ЛШ

Ни Кристијано Роналдо не е семоќен што се покажува втора сезона по ред за Јувентус. И со Португалецот во тимот, Јувентус не успева да стигне ни блиску до трофејот во елитното натпреварување на УЕФА. Вечерва, италијанскиот првак беше елиминиран во осминафиналето од Лион, иако победи со 2:1 во Торино. Кобен беше поразот од првиот меч со 1:0.

Јувентус од 1996 година го чека големиот сребрен трофеј во своите витрини, но ќе почека барем уште една година. Да биде уште потешко за Старата дама, вечерва доживеаа нешто што никогаш претходно не го почувствувале во ЛШ. За прв пат Јувентус е елиминиран од француски клуб во нокаут фазата од најсилното натпреварување на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести