Јувентус е силен и без Роналдо, гол-шоу ќе има на „Стемфорд бриџ“

6001 Динамо Киев – Јувентус (18:55 ч.)

Италијанскиот првак без Кристијано Роналдо допатува во Киев, но и покрај неиграњето на Португалецот, гостите се фаворити. Старата дама двапати претходно гостувала кај Динамо и во двата случаи си заминувала со победа.

Украинците се во одлична серија од 11 меча без пораз, но дуелот против Јувентус ќе биде вистински тест за нивниот квалитет. Одбраната е подобриот дел на Динамо, но тешко дека ќе може да ги сопрат лутиот Дибала и Мората.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.05) – квота на денот во Sport Life 

 

6004 Челзи – Севилја (21 ч.)

Дуел на две екипи на кои нападот им е посилната страна. Челзи делува опасно со засилувањата од летниот период, но факт е дека лондончани имаат проблем со одбраната. Севилја е тим кој знае како квалитетно да одигра во Европа. Шпанците доаѓаат во Лондон како актуелни владетели во Лигата на Европа.

Двете екипи сакаат да ја контролираат средината на теренот, па оној тим што ќе успее да воспостави доминација таму, ќе има поголеми шанси за победа.

Предлог тип: ГГ3+ (2.05)

 

6005 Лацио – Борусија Дортмунд (21 ч.)

Лацио лошо стартуваше во новата сезона во Серија А и по четири меча, има само четири бода. Борусија е полна со самодоверба по победата на гости кај Хофенхајм, а Милионерите и во меѓусебните дуели се со позитивен биланс против Лацио. Имаат две победи и едно реми, а римјаните никогаш не се радувале.

Карактеристика за нивните средби е малиот број погодоци, но факт е дека сега двата тима имаат опасни напади.

Предлог тип: Х2&0-3 (2.22)

 

6006 ПСЖ – Манчестер јунајтед (21 ч.)

Дали поради повреди или поради некои други причини, вечерва во двата состави ќе недостасуваат по шестмина играчи. Гостите ќе бидат без капитенот Мегваер, Кавани, Лингард, Џонс, Гринвуд и Бејли, па реално се аутсајдери на теренот на ПСЖ.

Сепак, не треба да се заборави дека пред две сезони, Манчестер ги шокираше Светците со победа од 3:1 на „Паркот на принцовите“. Тој неуспех на ПСЖ треба да му е дополнителен мотив дека сега ќе се радува.

Предлог тип: 1&3+ (2.10)

 

6007 Лајпциг – Башакшехир (21 ч.)

Домаќините се изрзити фаворити за победа. Лајпциг минатата сезона одигра фантастично и стигна до полуфиналето.

Лајпциг игра офанзивен фудбал, Турците се дебитанти во елитното натпреварување и секој друг резултат освен победа на домаќините ќе биде чудо.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90) – Квота на денот во Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести