Јувентус го изгуби второто место, Аталанта со бодот од Торино останува во игра за ЛШ (Видео)

Фудбалерите на Јувентус направија голем кикс на домашен терен и не успеаја да ја победат Аталанта, откако одиграа само 2-2. „Старата дама“ сега е на третата позиција, со поен помалку од второпласираниот Милан и дури 17 бодови помалку од лидерот Интер.

Аталанта поведе во 35-тата минута преку Копмејнерс, после прекрасно воиграна акција од слободен удар.

Следуваше комплетен пресврт на Јувентус за само четири минути, откако најпрво Камбиасо израмни на 1-1 во 66-тата минута, а Милик во 70-тата донесе водство за екипата од Торино.

Победа на домашните спречи фантастичниот Копмејстер во 75-тата минута, кога ги постави конечните 2-2.

- Оглас -

Најнови вести