Јувентус го контролира и ВАР системот во Италија и затоа победува

Јувентус го има најдобриот страт во историјата на Серија А. Во досегашните 19 меча, „старата дама“ има 17 победи и само две нерешени средби, без ниту еден пораз. Со ваков биланс, актуелниот италијански првак има девет бода пред второпласираниот Наполи.

За тоа зошто Јувентус толку многу победува, свое мислење даде новиот директор на РАИ2 Карло Фрекеро. Тој го обвини Јувентус дека го контролира ВАР системот кој од оваа сезона е воведен во Серија А. Фрекеро вели дека не ни му е интересно да гледа италијански фудбал, бидејќи само Јувентус победува.

„Гледам исклучиво Премиер лига, а не Серија А, бидејќи таму само Јувентус победува. Тоа е така заота што Јувентус го контролира ВАР системот и тоа е нешто неверојатно. Целиот ВАР систем е во нивна контрола, тие диригираат и решаваат што ќе биде. Напред Рома!“, субјективо изјави Фрекеро.

Јувентус во Италија доминира како никој досега, па во последните седум години ја освојува титулата, а многу веројатно е дека ништо нема да се смени ни оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести