Јувентус го продава Игуаин за ситно, прв во редот застана неговиот матичен клуб

Ривер плејт планира да го врати Гонзало Игуаин во своите редови по цели 13 години откако Аргентинецот го напушти матичниот клуб. Јувентус наводно поставил цена за искусниот голгетер на 18 милиони евра, што е ситно ако се земе предвид дека во 2016 година Јувентус плати 90 милиони евра за Игуаин на Наполи.

Самиот напаѓач нема ништо против да се врати во татковината и да заигра за тимот каде што ја почна кариерата, меѓутоа Ривер не може да си ја дозволи цената која ја бара италијанскиот првак. Планот на Ривер е да плати половина од сумата и да вметне во понудата неколку млади и перпективни играчи.

Игуаин беше проблематичен за Јувентус изминатиов период бидејќи одбиваше да се врати во Торино за да почне со тренинзи со цел да биде покрај болната мајка. Ова е само една од причините што Старата дама сака да се ослободи од екснапаѓачот на Реал Мадрид, додека високата плата исто така е проблем за клубот.

- Оглас -

Најнови вести