Јувентус гостува кај тимот на којшто никогаш не му дал гол во Серија А, во Германија дуел на најслабата одбрана и најслабиот напад

3001 Монца – Јувентус (20:45 ч.)

По првата третина од првенството во Серија А, Јувентус е само еден бод зад лидерот Интер, покажувајќи дека има квалитет за високи дострели. Старата дама вечерва ќе има уште еден голем предизвик. Гостува кај Монца, тим кој сезонава на домашен терен нема ниеден пораз (две победи и четири нерешени).

Освен одличната низа на свој терен, Монца има одлични спомени од минатата сезона во дуелите со Јувентус. Во двата меча во дебитантската сезона од Серија А, Монца дома победи со 1:0, а во Торино славеше уште поубедливо, со 2:0. Сепак, од Јувентус веруваат дека сега е време да покажат кој е гигант во Италија.

На осум од последните 10 кола сезонава, Монца игра мечеви на кои нема повеќе од два гола.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.95)

 

1801 Дармштат – Келн (20:30 ч.)

Дуел на две екипи кои сезонава ќе се борат за опстанок. Дармштат е на последното место во сигурната зона со девет бода, додека Келн е последен со шест бода. Дармштат ја има најслабата одбрана во лигата (33 гола во 12 меча), а Келн е тимот со најслаб напад и досега постигна само девет погодоци.

Келн е екипа со голема традиција и на ова гостување тоа треба да го докаже. Ова треба да биде дуел без многу калкулации и да има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

1302 Лас Палмас – Хетафе (21 ч.)

Екипата на Хетафе веќе со години е порепознатлива, игра со цврста одбрана, со многу прекини и со малку погодоци. Токму затоа често игра и нерешено, па така и сезонава во 14 кола има дури седум ремија.

Дури и традицијата на овие два клуба вели дека во последните шест меѓусебни дуели било со комбинација НГ односно една од двете екипи да не постигне гол. Хетафе сезонава нема ниту една победа.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.84)

 

1655 Вестерло – Андерлехт (20:30 ч.)

Нема дилеми дека гостите се големи фаворити за победа. Андерлехт е втор на табелата со 31 бод, а Встерло е претпоследен само со 11 бода од 15 кола.

Гостите се во добра форма и имаат четири победи и едно реми во последните пет дуели што ги одиграа, па таа добра низа треба да продолжи и денеска.

Предлог тип: 2&2-5 (2.35)

 

3013 Палермо – Катанцаро (20:30 ч.)

Двете екипи имаат по 24 бода по 14 одиграни меча и се борат за позиции кои може да ги одведат во Серија А. Палермо ја има најдобрата одбрана сезонава, а против Катанцаро во изминативе три години одигра пет меча и сите беа сиромашни со погодоци, па вкупната гол-разлика е 4:2 во корист на Катанцаро.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести