Јувентус и Челзи сакаат да си ги сменат утките, Старата дама ќе ќари и 45 милиони евра во трампата

Јувентус и Челзи преговараат за интересна размена на играчи во која се вклучени напаѓач и дефанзивец.

Во Челзи би заминал Матајс де Лихт и премиерлигашот би му платил на Јувентус 45 милиони евра, плус и Тимо Вернер во пакетот што би заминал за Торино.

Интересно е што и двајцата дојдоа во двата клуба како големи засилувања со голема сума платена како отштета и за Де Лихт и за Вернер, но воопшто не ги оправдаа очекувањата.

Сега Јувентус сака да го продаде Холанѓанецот, кој имаше неочекиувано голем број на киксови во одбраната на најтрофејниот клуб во Италија и бара Челзи да ја плати целосно отштетната клаузула.

Премиерлигашот има поинаков план и бара начин со вклучување на Вернер, кој исто така е големо разочарување во Премиерлигата да ја намали отштетата за Де Лихт и да плати 45 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести