Јувентус и Лацио ги добија дерби-дуелите минатата недела, сега играат меѓу себе

Новото коло на Спортска прогноза е нова шанса бесплатно да се провери способноста да се типува на 13 интересни мечеви и, секако, шанса да се дојде до убави подароци кои ги нуди Sport Life. Во викенд-понудата за ова коло има мечеви од најсилните лиги во Европа, а предизвик за сите ќе биде да се погодат сите 13 фикса.

Со перфектен тип, односно погодување Среќна 13-ка, се добива можност да си одберете еден од подароците (Старт ТВ Самсунг 55’’ 4К, Xiaomi Електричен тротинет, Х Box Series X). За 12 погодени пара следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека за 11 погодоци, ваучерот изнесува 500 денари.

Меѓу најинтересните мечеви за ова коло е дербито во Серија А меѓу Јувентус и Лацио. Старата дама минатиот викенд со 2:0 во Торино славеше над Интер, па сега ќе има предизвик да освои три бода и против Лацио, кој минатата недела се радуваше во римското дерби против Рома.

Интересни мечеви има и во Германија, Франција, Англија, па останува да го прифатите предизвикот и да прогнозирате, а на крајот да видите колку точни погодоци ќе имате.

- Оглас -

Најнови вести