Јувентус игра против Удинезе, а мисли на реваншот со Атлетико

Јувентус – Удинезе (20:30 часот)

Италијанскиот првак го пречекува Удинезе, но Максимилијано Алегри не обрнува премногу внимание на тој меч, туку со мислите е насочен кон најважната пресметка за неговата екипа сезонава, а тоа е реваншот со Атлетико Мадрид. Скудетото е речиси осигурено по триумфот над Наполи, со кој „избегаа“ на 16 поени предност на табелата, што значи дека ова ќе биде загревачки меч за „старата дама“.

Може да се каже дека Удинезе е „пациент“ на Јуве во изминативе неколку години. Гигантот од Торино научи добра лекција по поразот од оваа екипа во првото коло од сезоната 2015/16, па ги доби наредните пет од вкупно шест пресметки во рамките од Серија А.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.55)

 

Вердер Бремен – Шалке 04 (20:30 часот)

Шалке никако да закрепне и повторно влезе во негативна серија. Четири порази и едно реми во последните пет првенствени натпаревари не е учинок каков што посакува екипата од Гелзенкирхен, а особено разочарува што овосезонскиот учесник во Лигата на шампионите се бори за опстанок во Бундеслигата. Освоени се само 23 бода од 24 натпревари, една победа повеќе ги дели од 16-тото место, односно „црвената“ зона.

Вердер нема пораз во последните седум меча во германскиот шампионат, но издвоени се само две победи, останатите се ремија. Во првата меѓусебна пресметка на овие две екипи сезонава тимот од Бремен ги освоите сите три бода на гостувањето на „Велтинс арената“, што значи дека сега имаат шанса да остварат двојна победа.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.05)

 

Утрехт – Гронинген (20 часот)

Maлку повеќе од две години Утрехт чека на позитивен резултат против Гронинген, па еве им шанса за такво нешто. Фаворитската улога го стави Утрехт во поволна позиција, плус ќе имаат поддршка од домашните навивачи, додека по убедливиот триумф од 5-1 над Хераклес во минатато коло ја крена садовербата кај фудбалерите.

Гронинген влезе во добра серија и се наметна во борбата за плејофот преку кој можат да обезбедат квалификации во Лигата на Европа за следната сезона. На меч од холандската прва лига секогаш се очекуваат голови, така треба да биде и вечерва.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.90)

 

Атлетик Билбао – Еспањол (21 часот)

Во составот на Билбао ќе отсуствуваат важните адути Итураспе и Адуриц, додека Хоан Руби нема да смета на најмалку пет првотимци во пресрет на гостувањето на „Сан Мамеш“. Еспањол по убаво ја памети последната средба во „домот“ на баскискиот тим, славеше со минимални 0-1, а токму стрелецот на голот за победа, Давид Лопес, вечерва нема да може да му помогне на својот тим поради повред на коленото.

Двете екипи имаат еднаков број бодови (33) по 26 кола во Ла Лига и се на делба на 12-тата позиција. Билбао на хартија е фаворит, а интересно е тоа што на последните пет меѓусебни дуели не се постигнале повеќе од два гола, нема да биде изненадување ако тоа се случи и вечерва.

Предлот тип: 1X & 0-2 (1.86)

 

Норвич – Свонси (20:45 часот)

Норвич сигурно чекори кон англиската елита, а ниту неодамнешниот премиерлигаш не може да му застане на патот во таа цел. Заедно со Лидс се бие „мртва“ трка за првата позиција од Шампионат лигата, додека на Свонси му пропадна планот уште по првата сезона по испаѓањето од Премиер лигата да се врати.

Првата овосезонска пресметка му припадна на Норвич, лидерот славеше убедливо со 1-4 на „Либерти стадионот“, а сега како голем фаворит треба да го направи тоа и без мака да стигне до нови три бода.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.35)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести