Јувентус лесно против Фрозиноне, Баерн малку потешко се справи со Аугсбург

Јувентус рутински го победи Фрозиноне со 3:0 и освои нови бодови во Серија А, а во исто време Баерн се намачи за триумф од 3:2 против Аугсбург на гостински терен во Бундеслигата.

Паоло Дибала постигна прекрасен погодок за Јувентус во шестата минута и потоа се беше полоесно за фаворитот и актуелен првак на Италија.

Лео Бонучи зголеми на 2:0 по само 17 минути игра, а печат на убедливата победа стави Кристијано Роналдо со 19. погодок во Калчото сезонава. Португалецот беше прецизен во 63. минута и се зацврсти на врвот на листата со најдобри стрелци во Калчото.

Мечот во Аугсбург почна шокантно за Баерн, откако Горецка си постигна автогол во 58. секунда. Мануел Нојер се врати на голот на шампионот по три меча пауза поради повреда, но прими гол за помалку од една минута и тоа од својот играч.

Баерн потоа ја презеде иницијативата, израмни со голот на Кингсли Коман, но пак прими гол. Ји Донг Вон повторно ја израдува домашната публика, но и повторно Коман беше прецизен за 2:2 по првиот дел.

За триумф на актуелниот германски шампион се погрижи Давид Алаба со победнички погодок во 53. минута.

- Оглас -

Најнови вести