Јувентус ќе ја покаже силата, Ајакс има „пациент“ кој 10 пати по ред го победи

1010 Манчестер јунајтед – Вест хем (20:15 ч.)

Манчестер јунајтед 12 меча е без пораз, а во Премиер лигата главна цел им е да го задржат второто место. Црвените ѓаволи играат против Вест хем на „Олд Трафорд“ пред еден месец, кога во ФА Купот немаше голови по 90 минути, но домаќините се радуваа на победа со погодок во 97 минута и славеа со 1:0 по 120 минути игра.

Во последните девет меча кои ги одигра, Манчестер дури на шест не прими ниту еден гол. Чеканите играат претпазливо, па може да очекуваме тврд меч, а секако домаќините се фаворити.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.35)

 

3009 Калјари – Јувентус (18 ч.)

Елиминацијата во Лигата на шампиони беше голем шок за Јувентус, но најтрофејниот италијански тим мора да најде мотив да продолжи со трката за титулата во Серија А. Старата дама гостува кај Калјари, тим кој има дури седум порази во 13-те средби на свој терен сезонава.

Традицијата вели дека Јувентус победил на осум од последните девет меѓусебни средби, а неверојатно делува фактот дека на осум од тие девет меча било НГ (еден од двата тима да не даде гол).

Предлог тип: 2 (1.67) – Супер тип на Sport Life

 

1809 Лајпциг – Ајнтрахт Франкфурт (15:30 ч.)

Лајпциг има шест победи по ред во Бундеслигата и е единствен ривал на Баерн Минхен во трката за титулата. Ајнтрахт е на позиција која води во Лигата на шампиони и сигурно ќе се обиде да остане непоразен на ова тешко гостување.

Ова е дуел и на третиот и четврти најдобар напад во лигата и офанзивната тактика на двата тима е најава за погодоци, а секако домаќините се поблиску до победата.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

1638 Цволе – Ајакс (16:45 ч.)

Ајакс во 12 гостувања даде 38 гола, односно во просек повеќе од три по меч. Цволе дома има дури шест нерешени, но сепак, кога се работи за дуели со гигантот од Амстердам, има наредено 10 порази по ред. Во осум од тие 10 меча, имало барем по три гола, што само јасно потврдува дека Ајакс е апсолутен фаворит и гостите уште во првото полувреме треба да ја завршат работата.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.21)

 

3208 Локомотив Москва – Сочи (17 ч.)

Дуел на две екипи кои се борат за место во излез во Европа. Локомотив дома игра сигурно и победи седум пати во 10 средби, но факт е дека Сочи нема пораз на последните пет меча во првенството, во кои не прими ниту еден гол. Реално ова е дуел на кој може и еден момент да го реши победникот, а Локомотив треба да го искористи домашниот терен.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести