Јувентус на загревање пред мечот со ПСЖ, па тоа е вистински хаос (Видео)

Јувентус не успеа да ја помине групната фаза во Лигата на шампиони, откако заврши на третото место во групата, зад Бенфика и Пари Сен Жермен. Италијанскиот гигант освои само три поени во шест меча, што е најлош биланс откако игра во групите од елитното натпреварување.

За тоа колку е хаотично во Јувентус и како фудбалерите едноставно „не знаат каде тераат“, покажува и видеото направено пред дуелот со Пари Сен Жермен, односно на загревањето. Фудбалерите на Јувентус никако не може да се разберат кој каде треба да оди, се судираат меѓусебе, додека на спротивната страна, играчите на ПСЖ како „швајцарски часовник“ го одработија загревањето со точни додавања.

На крајот и не е чудно што ПСЖ победи во Торино со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести