Јувентус не се предава лесно во трката за Скудетото, Џенова и Пандев го стопираа вториот најдобар напад во Серија А

Јувентус со 2:0 славеше во Торино против Калјари во меч од 19-тото коло во Серија А. Со ова коло се комплетира првиот дел од сезоната, а Старата дама досега освои 34 бодови, што е дури девет помалку од лидерот Интер, кој треба да игра против Торино на „Џузепе Меаца“.

Моис Кин во 40-тата минута донесе радост за Јувентус и предност од 1:0 за фаворитот. Сите дилеми околу победникот ги реши Бернардески со погодокот во 83-тата минута. За Бернардески ова е прв погодок во Серија А по пауза од 513 дена.

Џенова го освои вториот бод под водство на Андриј Шевченко откако на свој терен одигра без голови против Аталанта. Џенова е тим со најслаба одбрана во Серија А, додека Аталанта го има вториот најдобар напад, но гостите не успеаја да го скршат отпорот на домаќините.

За Џенова од 72-рата минута во игра влезе Горан Пандев, но не успеа да му донесе победа на својот тим. За Џенова ова е осми нерешен резултат, а тимот кој има само една победа во првиот дел од сезоната, останува во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести