Јувентус од следната сезона ја враќа „зебрата“ на своите дресови (Фото)

Јувентус сезонава играше во нетипични дресови за најтрофејниот италијански клуб. На дресовите ги немаше препознатливите црно-бели линии за Старата дама, туку дрес „поделен“ на половина, и тоа со розева линија на средината.

Според најавите од пред неколку месеци, сега само се потврдува дека Јувентус за следната сезона подготвува дрес кој ќе биде многу потрадиционален. Црно-бели линии ќе има на дресот на најтрофејниот италијански клуб кога ќе игра како домаќин.

За разлика од дресовите кои ќе ги носат како домаќини, кога ќе играат на гостински терен, играчите на Јувентус ќе бидат облечени во дресови со темно сина или светло портокалова боја.

- Оглас -

Најнови вести