Јувентус победи, но навивачите многу се налутија (Видео)

Јувентус рутински славеше на свој терен против Удинезе со 2:0 во меч од 22 коло во итлијанската Серија А. Старата дама сега има 41 бод и моментно е на петото место на табелата, додека Удинезе е со 20 бодови од 20 одиграни средби.

Пауло Дибала донесе радост за Јувентус со погодокот во 19 минута, но токму Аргентинецот веднаш по погодокот ги налути домашните фанови. Дибала за кого постојат најави дека сака да си замине од Старата дама, веднаш по голот, им сврте грб на навивачите и воопшто не се израдува на погодокот.

Сите дилеми околу победникот ги реши Вестон Мекени со погодкот во 79 минута и Јувентус стигна до трите бода.

- Оглас -

Најнови вести