Јувентус подготви понуда за Икарди

Италијанскиот фудбалски првак Јувентус испратил понуда до Мауро Икарди за да го доведе во Торино, во летниот преоден рок. Ова го тврди познатиот италијански новинар Танкреди Палмери, Старата дама на адресата на аргентинскиот напаѓач упатила понуда вредна 8,5 милиони евра по сезона, но и дополнителни бонуси кои може да достигнат и до три милиони евра, во зависност од резултатите.

Икарди веќе неколку месеци е во конфликт со челниците на Интер, ја загуби капитенската лента, повеќе од два месеци воопшто не играше, а сега иако игра е на мета на навивачите на „нераѕурите“, кои инсистираат на негово заминување од „Џузепе Меаца“.

Сепак, за целиот овој трансфер се прашува и Интер, бидејќи Икарди е под договор. „Нераѕурите“ сигурно нема лесно да се откажат од Икарди. Шпекулациите се дека Интер би го пуштиле Икарди, но од Јувентус би го побарале талентираниот Моис Кин плус пари, што сигурно не би било во прилог на италијанскиот првак.

 

 

- Оглас -

Најнови вести