Јувентус подготвува понуда за непожелната ѕвезда на Манчестер јунајтед

Управата на Јувентус е подготвена во зимскиот преоден рок да го ангажира фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо.

Санчо, кој влезе во војна со тренерот Ерик тен Хаг, е исфрлен од првиот тим на Јунајтед откако го критикуваше Холанѓанецот на социјалните мрежи и потоа одби да му се извини.

Таблоидот „Сан“ пишува дека планот на Јувентус е во јануари да го ангажира Санчо на шестмесечна позајмица со задолжителен откуп идното лето за сума од 60 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести