Јувентус повторно се жалеше за титулата на Интер, а судот донесе конечна одлука

Јувентус остана без два шампионски трофеи поради скандалот со наместени мечеви во Серија А. Популарното Калчополи откри дека имало многу наместени мечеви во италијанското првенство, а најмногу настрада гиггантот од Торино, кој остана без две титули освоени на терен.

За трофејот од сезоната 2005/06 година, Јувентус реши повторно да се жали, бидејќи верува дека треба да биде вратен во негов посед, а не да биде во витрините на Интер. Покрај враќање на трофејот, Јувентус бараше и оштета од 433 милиони евра. На крајот, судот реши да ја одбие жалбата на Јувентус.

Челниците на Јувентус тврдеа дека и од Интер има многу замешани во скандалот и бараа да им биде вратен трофејот или во најлош случај да биде само одземен од Интер и да не го добие никој. И во 2011 година Јувентус се обиде да си ја врати титулата, но таа остана за Интер, исто како што е и последната одлука на судот.

- Оглас -

Најнови вести