Јувентус со гол во 92 минута се спаси од пораз во Бергамо (Видео)

Аталанта и Јувентус одиграа нерешено 1:1 во дербито од 25 коло во Серија А. Од овој резултат не може да бидат задоволни ниту еден од двата тима, затоа што со по само еден освоен бод, остануваат на големо заостанување зад водечката тројка Милан, Интер и Наполи.

Мечот во Бергамо беше интересен, а во последните 15 минути беа постигнати двата гола. Малиновски погоди во 76 минута за радост на домаќините и беше на чекор од победа, но Јувентус не се предаде.

Се играше 92 минута кога Дибала изведе корнер, а Данило со глава успеа да погоди за Старата дама и да израмни на 1:1. Со овој освоен бод, Јувентус сега има 46 бодови, дури девет помалку од лидерот Милан. Аталанта е со 44 бодови на петото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести