Јувентус со предлог: Од јули да има навивачи на трибините

Италија беше земјата која беше прва погодена од опасниот корона-вирус во Европа и повеќе од три месеци водеше голема битка со пандемијата. Здравствената ситуација во земјата сега е многу посмирена и од 20 јуни се очекува и продолжување на фудбалското првенство во Италија.

Првично, натпреварите ќе се играат без гледачи, а претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, најави дека очекува веќе од следниот месец да биде дозволено да има и навивачи на трибините. Во Италија постепено сакаат да ги отворат и кината, театрите, да има и концерти пред публика, па да може и на фудбалските натпревари да има гледачи.

Идејата на Ањели е на стадионите првично да биде дозволено да биде исполнет 10 отсто од капацитетот на секој стадион, а постепено тој процент да дојде и до 25 отсто. Засега нема реакции од властите во земјата за оваа идеја на првиот човек на италијанскиот првак.

Јувентус како лидер ќе го дочека продолжувањето на сезоната, а најголеми ривали на Старата дама ќе ги има во Лацио и Интер.

- Оглас -

Најнови вести