Јувентус тргна на пат кон Милано, на Пирло ќе му фалат тројца играчи

Дербито на италијанската Серија А помеѓу Милан и Јувентус дефинитивно ќе се игра како што беше планирано вечерва од 20.45 часот, иако имаше стравувања дека може да дојде до одложување, поради случаите на заразени фудбалери на Старата дама. На најновото тестирање, немало позитивни на Ковид-19 во редовите на Јуве, па тимот со автобус тргна кон Милано.

Вчера и завчера позитивни тестови имаа Алекс Сандро и Хуан Квадрадо, па тие се во домашна изолација и не се дел од тимот кој отпатува за Милано. Ќе го нема и Алваро Мората, но тој е повреден. Сите други играчи, па и Пауло Дибала кој имаше температура во понеделникот, заминаа за Милано.

- Оглас -

Најнови вести