Јувентус веројатно се прости од титулата во Серија А (Видео)

Со ремито од 2-2 на гостувањето кај Верона, Јувентус остана на девет бода зад Интер, а Нераѕурите имаат и еден меч помалку, па Старата дама полека се простува од шансите да ја освои титулата во Серија А.

Душан Влаховиќ се врати и даде гол од пенал, тоа е негов седми гол на последните шест меча во 2024 година, но тоа не беше доволно за победа против тим кој се бори за опстанок. Верона водеше 2-1, па Рабио изедначи на 2-2.

Ова е голот на Рабио:

- Оглас -

Најнови вести