Јувентус за 70 милиони евра би го продал Роналдо, а само два клуба се во опција

Кризата која ги зафати и најголемите фудбалски клубови многу добро ја почувствуваа и во Јувентус. Италијанскиот првак побара и доби поддршка од фудбалерите кои се откажаа од своите плати во периодот од три месеци (април, мај, јуни). На тој начин Старата дама ќе заштеди дури 90 милиони евра. 

Во целата оваа ситуација, од најмногу пари се откажа Кристијано Роналдо. Португалецот заработува 31 милион евра нето по сезона, а таа сума достигнува до 54 милиони евра на бруто сума. Договорот на Роналдо е до јуни 2022 година, а по кризата која се случи, тешко дека во Јувентус ќе имаат доволно финансии за да го задржат Роналдо.

Според најавите, Роналдо летово може да си замине од Торино, а во опција се два клуба. Кристијано би можел да биде купен или од Пари Сен Жермен или од Манчестер јунајтед. Се очекува Јувентус да заработи 70 милиони евра од трансферот на првата ѕвезда во тимот.

- Оглас -

Најнови вести