Каданцу: Кога ја видов Серена Вилијамс гола, цела недела бев во шок

Романската тенисерка Александра Каданцу, изјави дека била во шок цела недела, откако за првпат во соблекувална ја видела гола својата славна колешка Серена Вилијамс.

„За првпат учествував на гренд-слем турнир, и прво сеќавање од соблекувалната ми е моментот кога ја видов Серена Вилијамс. Ја видов гола и цела недела после тоа бев во шок. Не му се веруваше колку е голема. Неверојатно е некој што изгледа така, да може да трча и успешно да игра тенис“ – вели 30-годишната Каданцу која сега е 292-ра на ВТА листата.

Токму физичката сила беше големата предност на Серена во однос на ривалките. Вилијамс е 38-годишна, роди и ќерка, па падна на деветтата позиција, но таа зад себе има 23 гренд-слем титули, четири олимписки златни медали, има најголема заработка во историката на женскиот тенис, и важи за една од најдобрите тенисерки на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести