Перо Антиќ е миленик на навивачите и редок пример во Европа – Го има во два дрим-тима на деценијата со „црвено-бели“ бои

Перо Антиќ е уникат на втората деценија од овој милениум на клупската кошаркарска сцена откако во два тима за коишто настапуваше е вклучен во идеалната петорка за цела декада.

Најпрво е во дрим-тим составот на грчки Олимпијакос, со кого сегашниот претседател на МКФ освои две европски титули. Антиќ е во идеалниот тим на оваа декада, заедно со: Спанулис, Теодосиќ, Принтезис, Папаниколау, Папалукас, Слукас, Хајнс, Милутинов и Еј-Си Лав, а го има и во идеалниот тим на Црвена ѕвезда за периодот од 2010 до 2020 година.

За Олимпијакос играше од 2011 до 2013 година и имаше голем удел во освојувањето на двете шампионски круни во Евролигата во 2012 и во 2013 година.

За Црвена ѕвезда играше во два наврати, во минатата декада од 2005-2007, и потоа пред две сезони кога беше дел од тимот на „црвено-белите“ во 2017/18.

Дрим тимот на Црвена ѕвезда е составен од: Антиќ, Бобан Марјановиќ, Стефан Јовиќ, Никола Калиниќ и Василиј Мициќ, Чарлс Џенкинс, Марко Гудуриќ, Марко Симоновиќ, Квинси Милер и Мајк Цирбес.

Антиќ  е прв човек на македонската кошарка во моментов, како претседател на КФМ и е првиот и единствениот наш кошаркар што играше во НБА-лигата – две сезони за Аталанта хоукс.

 

- Оглас -

Најнови вести