Каде исчезна Гери Невил!? (Видео)

Гери Невил, легендата на Манчестер, е можеби најразочараниот човек во Англија затоа што Ливерпул освои титула во Премиер лигата. Невил, кој целата 19-годишна кариера ја помина во најголемиот ривал на Ливерпул, веќе подолг период е стручен коментатор на Скај спорт.

Покрај Невил, таму како аналитичар е и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, па честопати тие двајца знаеја да се раскараат за тоа кој клуб ќе ја освои титулата. На почетокот на сезонава, Невил во едно интервју најави дека доколку Ливерпул сезонава стане првак на Англија, тој ќе отпатува во Папуа Нова Гвинеја, односно на едно од најодалечените места од Англија.

Откако синоќа стана јасно дека Ливерпул е првак на Англија, Скај спорт направи урнебесно видео во кое се бара каде е исчезнат Гери Невил. Вреди да се погледне.

- Оглас -

Најнови вести