Каде му е долгата коса, Лесор направи првоаприлска шега која ги шокираше сите

Францускиот центар Матијас Лесор кој е препознатлив во последните години и по својата фризура и долга коса со „суканици“, денеска во соработка со неговиот клуб Панатинаикос, им приредија вистински шок на навивачите на Зелените детелинки од Атина, но и на многу други.

На официјалниот профил на Панатинаикос на социјалните мрежи, беше објавена фотографија на која Лесор на денешниот тренинг е со многу кратко потшишана коса.

„Свежа фризура, свеж почеток за Лесор“, порачаа од ПАО.

После големиот број коментари, претежно негативни на сметка на „новата фризура“ на Лесор, се огласи и самиот кошаркар со снимка на која покажа дека сепак тоа било само монтажа и првоаприлска шега.

Лесор и понатаму има долга коса.

- Оглас -

Најнови вести