Кадетите вторпат поразени од Унгарија во пресрет на настапот на СП

Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари во 19 години го доживеа и вториот пораз од Унгарија, овојпат со 34-27, во рамки на подготовките за настапот на Светското првенство во Хрватска.

Домашната репрезентација во текот на целиот натпревар диктираше темпо и имаше водство, а за нивниот квалитет доволно говори фактот дека се четврта ракометна светска сила во оваа возрасна категорија.

Селекторот Раде Стојановиќ шанса за настап им даде на сите ракометари, а најефикасен во нашата репрезентација беше Дамјан Субашевски со 7 погодоци, додека Мирче Калајџиески постигна еден помалку, односно 6 голови.

На првиот натпревар кој се одигра вчера, Унгарија славеше со 31-27.

- Оглас -

Најнови вести