Кадиз поентираше против Реал, Барса, Атлетико и Севилја, а може да испадне од Ла Лига

Кадиз продолжи да реди добри резултати против најголемите шпански клубови, откако вечерва одигра 1-1 на гостувањето кај Севилја.

Кадиз се бори за опстанок, има само два бода повеќе од Гранада која е 18-та и се наоѓа во опасната зона. Ако Гранада победи утре, Кадиз ќе падне таму каде што не сака да биде на табелата.

Хезус Навас го одигра 600-тиот лигашки меч во дресот на Севилја, Ел Несири конечно даде гол после пост од 12 меча, но Кадиз кој никогаш не победил во Севилја, се бореше и се избори на реми, со гол на Лукас Перес од слободен удар.

Ќе биде чудно ако Кадиз испадне, бидејќи сезонава има нерешено против Реал Мадрид и Севилја, а победи против Барселона и Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести