Кај Англичаните има гужва за десен бек, Грците со стар трик му нудат на Балдок да игра за нив

Грците искористија стар трик и му нудат на Џорџ Балдок, одличниот десен бек на Шефилд јунајтед, да игра за нивната репрезентација. Му најдоа и грчки корени по неговата баба, иако Балдок е роден во Англија, па му испратија и понуда за да настапува за нивната фудбалска репрезентација.

Кај Англичаните е голема гужва во битката за позицијата десен бек, во преден план се Трент Александер-Арнолд и Киран Трипие, им конкурираат и Кајл Вокер, Арон Ван Бисака, сега и Рис Џејмс, па 26-годишниот играч на Шефилд тешко дека ќе добие шанса да дебитира за Гордиот Албион.

Приказната на Балдок е интересна, играше фудбал во Исланд и во неколку англиски нисколигаши пред да блесне во дресот на Шефилд јунајтед.

Од 2017 година е член на сегашниот премиерлигаш, но сè уште не дебитирал за Англија, ситуација што сакаат да ја искористат Грците.

 

- Оглас -

Најнови вести