Со Баерн Минхен и Атлетико Мадрид нема утка

3010 Верона – Наполи (15 ч.)

Ова е меч на кој традицијата вели дека гостите се големи фаворити. Наполи победил на последните седум средби против Верона и тоа шест пати било без да прими гол, а секогаш давал барем два погодоци. Верона дома има само една победа во последните пет меча, а Наполи сезонава на гости има шест победи во осум дуели.

Наполи во просек дава преку два гола, а Верона ја има најдобрата одбрана во лигата со само 17 примени во 18 средби, што значи дека домаќините нема лесно да се предадат.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.93)

 

1808 Шалке – Баерн М. (15:30 ч.)

Шалке е среќен што не постави неславен рекорд во Бундеслигата за најмногу мечеви без победа, но кога доаѓа шампионот, тогаш нема дилеми кој ќе победи. Неверојатни девет победи по ред има Баерн против Шалке, а последната, од пред четири месеци беше со 8:0.

Јасно е дека Баерн уште од самиот старт ќе тргне во офанзива и без многу возбудувања, ќе се обиде да стигне до трите бода.

Предлог тип: 2-2 &4+ (2.60)

 

1350 Атлетико Мадрид – Валенсија (21 ч.)

Со Луис Суарес во нападот, Атлетико Мадрид има шампионски амбиции, а тоа се потврдува во досегашниот дел од првенството. Јорганџиите се лидери со 44 бода од само 17 меча и сигурно ќе сакаат да продолжи низата на триумфи.

Атлетико сезонава дома е фантастичен и има осум победи и само едно реми, со гол разлика 21 дадени и само два примени гола. Валенсија има само четири победи и затоа е во долниот дел од табелата.

Во последните 12 меѓусебни средби Атлетико победил седум пати, а пет средби завршиле нерешено. Валенсија последен пат се радувал против Јорганџиите во октомври 2014 година.

Предлог тип: 1&0-3 (2.08)

 

1710 Сент Етјен – Олимпик Лион (21 ч.)

Без разлика што Сент Етјен е во долниот дел од табелата, дуелите против Лион се сметаат за најголемо дерби во Франција. Лион на гости сезонава има само еден пораз во 10 дуели, додека Сент Етјен долго време нема победа на свој терен.

На седум од последните 10 меѓусебни средби немало повеќе од два гола, а фактот дека Лион ја има третата најдобра одбрана е најава за нов дуел со малку погодоци.

Предлог тип: 0-2 (2.12)

 

1664 Стандард Лиеж – Шарлерои (18:15 ч.)

Две екипи кои се во сосема различна форма. Стандард има три победи во низа, а Шарлерои е со четири порази по ред. Дури девет од последните 10 средби на овие два тима завршиле со не повеќе од два гола, а шест пати завршило нерепено.

Предлог тип: Х (3.40)

 

- Оглас -

Најнови вести