Кај да се бега од епидемијата – Новак го фати последниот авион од САД, Роналдо нема да лета за Италија

Новак Ѓоковиќ го фати последниот авион од САД за Европа по забраната од американската влада за летови од и до Стариот Континент.

„Го фативме последниот лет за Европа“, напиша Марко Паничи, кондицискиот тренер на најдобриот светски тенисер во моментов.

АТП ја замрзна сезоната поради Коронавирусот и турнирите од Мастерс серијата во Индијан Велс и во Мајами се откажани, а веројатно нема да се игра и во Рим и во Монте Карло.

За да нема проблеми по објавата дека Даниеле Ругани има Коронавирус, во Португалија остана Кристијано Роналдо. Од Јувентус му дозволија да остане во Мадеира и да не се враќа во Италија.

Препорака за играчите на Старата дама е да бидат во двонеделен карантин по случајот со Ругани, па Роналдо ќе остане во родното место, каде што замина да биде со својата мајка по срцевиот удар што го преживеа Долорес.

Иако сè уште официјално не е потврдено, веројатно ќе биде одложен и реванш-мечот од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Лион што требаше да се игра на 17 март во Торино, без присуство на публика.

- Оглас -

Најнови вести