Кајри Ирвинг му го расипа роденденот на соиграчот Лука Дончиќ (Видео)

Далас маверикс на свој терен загуби од Индијана со 124:122 во ден кога Лука Дончиќ го славеше 24-тиот роденден. Дончиќ беше расположен за игра на својот роденден и постигна 39 поени, комбинирани со девет скокови и шест асистенции, но за негова жал, на спротивната страна расположен за игра беше и Тајриз Халибуртон, кој ја предводеше Индијана до триумф со 32 поена.

Индијана водеше речиси во текот нa целиот меч, а во еден дел од последната четвртина имаа и 11 поени предност. Далас од низа од 8:0 стигна до еден поен негатива (121:120) на две и пол минути до крајот. Следните шест шута од игра беа непрецизни, а Индијана водеше со 124:122, а последниот напад го имаше Далас. Кајри Ирвинг ја презеде одговорноста да шутира тројка за победа, но промаши. Ирвинг мечот го заврши со 16 поени и девет асистенции.

Резултати: Атланта – Вашингтон 116:119, Бруклин – Милвоки 104:118, Мемфис – ЛА Лејкерс 121:109, Торонто – Чикаго 104:98, Хјустон – Денвер 112:133, Оклахома – Сакраменто 117:123, Далас – Индијана 122:124, Јута – Сан Антонио 94:102, Голден стејт – Портланд 123:105, ЛА клиперс – Минесота 101:108.

- Оглас -

Најнови вести