„Кајзер“ Маркес десетта година по ред победи на Заксенринг

Марк Маркес извојува нова рутинска победа во Мото ГП, овојпат Шпанецот беше најбрз на патеката Заксенринг, каде триумфира десетта година по ред и има десет пол-позиции едноподруго.

Маркес своите 30 круга ги извозе за 41 минута и 8 секунди, па возачот на Хонда немаше проблем да дојде до победата. Втор низ целта мина Маверик Вињалес од Јамаха, а подиумот го комплетираше Кал Крачлоу од Хонда. Победата на Маркес можеше да му ја загрози Алек Ринс, но тој падна и втора трка по ред не успеа да извојува до крај.

Валентино Роси имаше трка за заборав, го освои само осмото место, со 19 секунди послабо време од победникот. Со новата победа и новите 25 бода, Маркес се зацврсти на првото место во генералниот пласман, пред Андреја Довициозо, кој денеска беше само петти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести